Грчки хотели | Хотели во Грција - Грчки директориум за хотели


  ч.п.п. - често поставувани прашања


Ве молиме разгледајте ја листата на најчесто поставуваните прашања за кои веќе имаме одговори.

Ако во листата на Често Поставуваните Прашања и Одговори не го најдете одговорот на Вашето прашање, Ве молиме да не контактирате, за да Ви излеземе во пресрет. кликнете тука

Специјализирана онлајн платформа креирана и развиена за сите практични луѓе кои сакаат да патуваат. Нашата платформа нуди брза и ефикасна услуга при пронаоѓање и одбирање на идеалното сместување во Грција според Вашите потреби.

Нашата услуга е премостувач од Вашата желба до за Вас, идеалниот одмор во Грција. Ние Ви нудиме услуги за Вие сами да го креирате Вашиот одмор по Ваша мерка.

Нашиот веб сајт е сервис за пронаоѓање сместувања низ цела Грција. Бидејќи не сме туристичка агенција, ние не наплаќаме никава агенциска провизија од Вас. Тоа значи дека нашата услуга кон Вас е 100% бесплатна, без никакви скриени или останати провизии!

Нашиот сервис е 100% бесплатен. Бидејќи немаме трошоци како останатите туристички агенции, нашиот веб сајт е во можност да понуди најдобри цени во моментот на резервирање.
Гарантирано!

Во моментов располагаме со повеќе од 15.000 сместувања низ целата територија на Грција, која вклучува повеќе од 1.700 градови и сите острови каде постојат сместувачки капацитети. Од видовите сместување, на нашиот веб сајт можете да пронајдете хотелско сместување, апартмани, гостински соби и одмаралишта за секакви потреби. Од туристичко сместување за време на летниот период, мал викенд одмор или деловно сместување преку целата година, со нашиот веб сајт, вашето сместување е брзо, сигурно и удобно.

Доколку не можете да ја пронајдете посакуваната дестинација преку стандардното пребарување на Почетната страна, погледнете на страната: РЕГИОНИ и ќе ги видите сите региони во Грција, доколку сакате поспецифично барање по градови, погледнете на страната: ДЕСТИНАЦИИ. Доколку планирате да летате, ве советуваме да погледнете на страната: АЕРОДРОМИ. Се разбира, доколку сакате, може и да ја искористите страната: МАПА за да се ориентирате според картата на Грција.

Процесот на резервација е многу едноставен.

  • Го пронаоѓате сместувањето кое одговара на Вашите потреби (хотел, апартман и сл.)
  • Одбирате Тип на соба и одбирате колку соби сакате да резервирате
  • Кликате на синото копче: Резервирај Сега
  • Потоа Ве пренасочуваме на сигурна (SSL) страница кај нашиот резервациски партнер и на следните две страни ги внесувате вашите детали од типот: Име, Презиме E-mail адреса и креирате ваша лозинка. Воедно, доколку приметите дека има бесплатни удобности како што се: Бесплатен доручек, Бесплатен интернет, Бесплатно изнајнување велосипеди ги штиклирате овие опции и кликнувате на синото копче: Continue.
  • На следната страна внесувате детали за вашата дебитна или кредитна картичка која што ќе служи како еден вид на гаранција дека ќе се пристигнете во сместувањето на датумот кој го имате одбрани.

ВАЖНО: Вашата дебитна или кредитна картичка служи само како гаранција и нема да Ви бидат одземени средства од истата. За повеќето сместувања имате можност за бесплатно откажување на резервацијата до одреден датум.

Сопствениците на различните сместувања го задржуваат правото да одлучат за начините за плаќање. Има случаи кога за време на процесот на резервирање, ќе треба да внесете детали од вашата дебитна или кредитна картичка која ќе биде употребена како гаранција за вашиот престој.
Во други случаи, нема да има потреба од кредитна или дебитна картичка за резервација на престој, меѓутоа, сопствениците на сместувањето можно е да сакаат да направат пред-авторизација на платежниот метод пред да пристигнете. Ова е разбирливо, затоа како што се наближува туристичката сезона, така се полнат капацитетите и сопствениците на сместувањата сакаат да бидат сигурни дека ќе пристигнете во договорениот термин. Во секој случај, нема да има потреба да се плати целата сума за престојот однапред. Ова е направено за ваша безбедност, бидејќи можно е да се случат непредвидени ситуации кога ќе мора да го откажете сместувањето и ако го сторите тоа навремено, нема да ви биде наплатено. Заради тоа, вие плаќате за целиот престој само кога ќе пристигнете во сместувањето во вашиот договорен термин.

За да направите резервација во повеќето случаи неопходна Ви е важечка кредитна или дебитна картичка. Најсоодветно е резервацијата да биде направена од ваша, лична кредитна картица но доколку немате таква можете да искористите картичка на некој Ваш близок човек.Во случај резервацијата да не е направена со Ваша кредитна картичка, при резервацијата внесете го целосното име и презиме на сопственикот на картичката во предвиденото поле.

Непредвидени ситуации се случуваат и за тоа секако имаме разбирање. Заради тоа, кај повеќето од сместувањата има опција за бесплатно откажување на резервацијата до одреден датум кој е наведен при процесот на резервирање.

Пример: Вие сакате да резервирате сместување од 5ти Јули до 15ти Јули. На страната на хотелот кај делот со цените, доколку има ваква опција, пишува (на пример): “БЕСПЛАТНО откажување до пет, 03 јули 2015”
тоа значи дека доколку го откажете Вашиот престој пред овој датум, нема да ви биде наплатено.

Во овој случај, се активира гаранцијата од Вашата дебитна или кредитна картичка која ја оставате при процесот на резервација и од картичката ќе Ви бидат одземени сресдства само за првата вечер.

Се што е наведено под типот на самата соба во избраниот хотел или апартмант е вклучено во цената. Повеќе детали за собите може да погледнете кога ќе кликлнете на името на собата на страната со детали за сместувањето. Доколку нешто не Ви е јасно, ве молиме пишете ни на нашата контакт страна.

По завршениот процес на резервирање ќе Ви се појави страница со потврда за вашата резервација. Оваа страница ќе ви ги даде сите потврдни податоци за вашата резервација, вклучително и нејзиниот број и ПИН код. Следствено ќе добиете и е-маил со потврда за вашата резервација.

Вашиот ПИН код е број составен од четири (4) цифри и истиот претставува доверлива информација која треба да ја знаете само вие. Со помош на ПИН кодот ќе може да ја прегледате вашата резервација, да направите промени доколку е потребно или да ја откажете резервацијата.

Штом на првичната страница ќе ги внесете следните податоци:

  • Број на соби (возрасни и деца),
  • Посакуваната дестинација и
  • Датумите за пријавување и одјавување

ќе бидете автоматски префрлени на страница која според Вашите потреби ќе Ви ги понуди сместувањата кои се достапни во регионот, а таму јасно и читко веднаш ќе ги видите цените на понуденото сместување.

Информациите кои се однесуваат на деца/помошни кревети и цени се наоѓаат во делот за "Правила на хотелот". Ве молиме да обратите внимание на следново:
Евентуалните дополнителни трошоци за деца не се вклучени во цената на резервацијата. Доколку сакате помошен детски кревет, ве молиме истото да го наведете во полето за посебни потреби кое се јавува при он-лајн резервирањето. Доколку ви е потребно дополнително да контактирате со одбраното сместување, ќе добиете повеќе детали во е-маилот кој по направената резервација Ви стигнува како потврда. Доколку имате прашања кои не се наведени во оваа секција, ве молиме пишете ни на нашата контакт страна и ние ќе се обидеме да го одговориме секое Ваше прашање.

Адресата од сместувањето ја пишува на страната со деталите за сместувањето и воедно, адресата ќе ја добиете кога ќе ви пристигне е-маилот со потврда за резервацијата. Адресата од сместувањето може да ја внесете во вашиот GPS уред или мобилен телефон со GPS можности, за полесно да ја пронајдете дестинацијата.